Премиерот Зоран Заев и лидер на СДСМ по лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски, најави дека поради тоа што предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 12 април, согласно договорот за т.н. Пржинска влада, тој ќе се повлече од премиерската функција на 3 јануари.
Техничкиот премиер кој ќе го замени, како што изјави Заев, ќе биде избран во СДСМ по пат на внатрешни консултации.
Последен пат Македонија имаше технички премиер од јануари 2016 година, кога на таа функција беше поставен Емил Димитриев од ВМРО-ДПМНЕ, откако предизборно оставка поднесе Никола Груевски, кој е во бегство и кој стана азилант во Унгарија.
Димитриев остана на позицијата до јуни 2017 година, кога на негово место дојде Заев.
Дали СДСМ ќе понуди познато лице за ова позиција или ќе постави партиски кадар кој ќе биде непознат за јавноста, каков што беше случајот со Димитриев, останува да видиме.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои министерства ќе ги земе ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада
Предвремени парламентарни избори: Го чека ли и Заев истата судбина како на Ципрас
(ВИДЕО) Кој од коалционите партнери на СДСМ дојде на средба кај Заев
Фото: Фејсбук/Заев