еМагазин
Image default
Балкан

(Фото) Ципрас за интервенција на полицијата за „Џокер“: НД нè врати во 60-тите години, а можеби и уште поназад

За интервенцијата на полицијата во две кина во Атина за време на проекцијата на филмот „Џокер“ реагираше и поранешниот грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој преку социјалните мрежи излезе со детален став за филмот за кој рече дека го гледал минатата сабота, „за среќа во друга кино сала“ и упати критики до владата дека со полициската интервенција ја враќа земјата во 60-те години.

-Излегувајќи од киното, имав чувство дека по долго време Холивуд направи, можеби ненамерно, моќен филм со силна општествена, но и поширока политичка содржина. Но, без во исто време да го извикува тоа, без да ве носи за рака да ви ја каже пораката.

Не ни помислив дека една седмица подоцна новата „прогресивна“ влада на Нова демократија (НД), секако со наредба на вработени во Министерството за култура, ќе ја стави грчката полиција да го врати редот. И да нè врати во 60-тите години, а можеби и уште поназад, напиша Ципрас на Фејсбук и Инстаграм, а заедно со статусот сподели и фотографија што кружи на социјалните мрежи, односно, како што ѝ самиот истакна фотомонтажа на која министерот за цивилна заштита на Грција, го брка Џокер.

Евтино е, индикативно за неговата естетска и политичка плиткост, објавата да ја придружува со моја фотографија, монтирана како прогонувач на Џокер. Од она што го слушнав и прочитав филмот, меѓу другото го осудува убиството на карактерите. Ципрас го гледаше и повторно не го разбра филмот, вели министер за цивилна заштита Михалис Хрисохоидис во соопштението за коментарот на Ципрас.

Хрисохоидис, прво, на неговиот Твитер профил кусо објави дека вечер со неговиот 15годишен син ќе оди да го гледа „Џокер“, а подоцна преку соопштение објасни дека полицијата е должна да одговара на пријавите од граѓаните, а „многу од пријавите подоцна може да се покажат од мало значење, во некои случаи дури и на границите на смешност, како што беше вчера со случаите во двете кино сали“.

МИА/Фото: Влада/Твитер

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филмот „Џокер“ ја стресе Грција: Полиција упадна во две кина и вадеше малолетници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скандал во Грција: Владини функционери примиле вакцини против Ковид-19 пред лекарите

Редакција

Независни Грци: Остануваме во Владата додека Договорот од Преспа не дојде во грчкиот парламент

Редакција

Во Турција е откриено нафтено поле со резерви од 150 милиони барели

Редакција