еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавила судијката Васка Николовска – Масевска, која ќе го води „Рекет“

Предметот „Рекет“ во кој се обвинети Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева и Зоран Милевски-Кичеец стартува на 3 декември, информираа од Кривичниот суд.

Судењето ќе го води судијката Васка Николовска – Масевска.

еМагазин го разгледа нејзиниот анкетен лист кој го доставила до Државната комисија за спречување корупција кога станала судија во Основен суд Скопје 1.

Каков имот пријавила?

Според нејзиниот анкетен лист, на свое име има стан во Скопје од 89 метри квадратни, проценет на 9 милиони денари, стекнат како подарок.

Вози Пасат и Фиат Панда, а на свое име пријавила и благородни метали и уметнички и колекционерски предмети.

На име на сопругот пак пријавила акции и удел, а на име на децата удел.

Со сопругот изминативе години зеле неколку кредити, кои според пријавенето до сега треба да се исплатени.

Целиот нејзин анкетен лист, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судењето за „Рекет“ стартува на 3 декември, ќе го води судијката Васка Николовска – Масевска

Фото: Академик

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Дојче веле“: Груевски регистрирал фирма во Унгарија, ќе работи од трговија со порцелан до рекламирање и управување со имот

Редакција

Истражување на ЦГК: Трошки за здруженијата на граѓаните од општинските буџети

Редакција

Каков имот пријавил генералниот секретар на Владата, Рашковски кој е во фокусот на јавноста за набавката на радарскиот систем

Редакција