еМагазин
Image default
Македонија

Здравствениот инспекторат не утврдил недостатоци во грижата за здравјето на Боки во Шутка

Во врска со објавените информации во електронските медиуми од страна на адвокатите на Бојан Јовановски, кои обвинуваат за лекарска негрижа, во однос на неговата здравствена состојба, од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат на ден 20.11.2019 извршен е вонреден
инспекциски надзор во ординацијата која се наоѓа во склоп на КПУ Затвор Скопје, а е дел од ЈЗУ Здравствен дом Скопје.

„Од извршениот увид во медицинската документација притворениот Ј.Б. прв пат побарал лекарска помош на ден 16.07.2019 година при што е прегледан и ординирана му е терапија.

Во периодот од 16.07.2019 година, па до 13.11.2019 година за пациентот евидентирани се вкупно 25 прегледи при што се издавани специјалистички и болнички упати до здравствени установи на секундарно и терциајрно ниво (болнички здравствени установи).

При тоа упатите се давани со предходно медицинско известување до надлежниот суд за добивање на согласност за понатамошно лекување, но во дел од случаите пациентот е пратен со Итна медицинска помош до одредена здравствена установа во интерес на побрзо добивање здравствена услуга, за што постои уредна евиденција. Од извршениот вонреден инспекциски надзор, не се констатирани недостаоци во надлежности на ДСЗИ“, се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Клиника за гастроенетрохепатологија: На Бојан Јовановски му беше закажан преглед, но тој не дојде

Рускоска вели дека здравствената состојба на Боки 13 е во ред

Боки 13 не може самостојно да се движи и мокри крв, неговиот адвокат бара итно да биде хоспитализиран

Фото: Боки 13/Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Камчев за еден месеци, два пати позитивен на Ковид-19: Oдложено рочиштето за „Плацови на Водно“

Редакција

Рикер и порача на опозицијата дека „времето за игри е поминато“ и за доброто на земјата да биде конструктивна

Редакција

Мицкоски бара власта да ги затвори сите бугарски клубови во Македонија

Редакција