Пратеникот Влатко Ѓорчев на својот Фејсбук-профил објави фотографии и видео на кое се гледа како помага по земјотресите во Албанија во пренесување на вода и други основни намирници за населението.
Денес во Драч. Бевме брзи и организирани. Луѓето може и треба да си помагаат.
Posted by Владимир Ѓорчев (Влатко Ѓорчев) on Вторник, 26 ноември 2019
„Солидарност со Драч. Држете се! Важно е да се помогне во Драч. Има загинати и повредени, а штетите се големи. Денес бев таму и помогнав колку што можев. Бев на конференција во Тирана со учесници од целиот Балкан, но ги видивме вестите. Слушнавме дека е потребна помош и отидовме во Драч. Растоваривме два камиони со вода, сокови, кутии со храна… Ако треба, ќе учествуваме во расчистувањето на урнатините.
Тажна глетка, со човечки трагедии, но и многу луѓе кои сакаа да помогнат, многу добри дела, човечност. На Балканот мора повеќе да си помагаме. Скопје е град на солидарноста. Град изграден од пепелот на земјотресот. Наша обврска е да помагаме, а Македонија е добар сосед. Stay strong Durres! Tung!“, напиша Ѓорчев на својот Фејсбук-профил.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Хак бус“организира бесплатен повратен превоз до Албанија до 1 декември
Фото/Видео: Фејсбук/Влатко Ѓорчев