Драматичен старт на долгоочекуваното судење за „Рекет“. Истото почна со задоцнување, поради здравствените проблеми на првообвинетиот Бојан Јовановски или Боки 13, на кој му дадоа дијазапам за да може да го следи.
Здравствената состојба на Боки 13, за која има многу дебати на социјалните мрежи, сепак падна во сенка по неговата најава дека во текот на судењето ќе го открие организаторот и сите помагачи, но и дека снимка од камерата од домот на неговите родители ќе покаже во чии раце завршила фамозната торба „Луј Витон“ со парите.
Јавноста се уште чека одговор за тоа каде се 1,5 милиони евра „изрекетирани“ од бизнисменот Орце Камчев, а и нема дилема, уште кога беше уапсен Боки 13 ретко кој веруваше дека тој е главниот „играч“ во „Рекет“.
Дали навистина Боки 13, кој вели дека е невин, ќе открие нешто што не знаеме или ќе ги потврди шпекулациите за инволвираност и на други функционери во „Рекет“ (освен обвинетата, поранешна специјална обвинителка, Катица Јанева) или оваа негова најава е само дел од „шоуто“ кое ќе следи на понатамошниот дел од судењето, останува да видиме.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Започна шоуто!„: Твитер во црвено за стартот на судењето за „Рекет“
Боки 13 и Јанева тврдат дека не се виновни, Кичеец го призна делото за „Рекет“
Фото: Боки 13/Инстаграм