Несоодветните и нестандардни градби, дополнително и несеизмички, беа кобни за големиот број на жртви во катастрофалниот земјотрес во Албанија. Ова стои во оценката што ја работи групата од 42 експерти од Македонија, која во изминатиот период престојувала во Албанија на барање на тамошните власти, пренесува meta.mk.
Меѓутоа, дополнителен проблем што го утврила оваа екипа е спецификата на семејните куќи, па и колектитивните згради, кои немаат покрив, туку само рамна плоча, а врз плочата речиси сите имаат големи резорвоари со вода со 3-4 тони вода.
При големиот потрес, под тој голем товар со вода, овие нестабилни згради паѓале како кула од карти, па резервоарите буквало ги поклопувале разутрнатите куќи. Ова е сведоштвото на Тони Атанасов, командир на штипската Територијалан противпожарна единица, кој биде дел од македонскиот експертски тим во Албанија.
„Во местата погодени од земјотресот можат да се забележат згради комплетно урнати, а до нив други згради до нив целосно зачувани. Згради, кои датираат уште од времето на режимот на Енвер Хоџа, градени според некои тогашни стандарди, со огромни болјери на рамните покриви,кои попуштиле. Меѓу другото и од тежината на тие инсталации предизвикале огромни штети, и материјални и човечки“, вели Атансов.
Задачата на Атаносов, кој се јавил на повикот на Асоцијацијата на општини на ЈИЕ, НАЛАС, била анализа на функционирањето на системот за заштита и спасување. Да се согледаат недостатоците, со цел тој систем да биде подобар и да не се случуваат такви тешки последици при различни несреќи. Атанасов се уверил дека нашиот систем за заштита и спасување во секој случај има многу подобра организираност и поголема вклученост на институциите.
“Во Албанија системот за заштита и спасување се потпира само на постојните единици на ТППЕ. Видовме дека и тие кубурат со опрема и непотполност, но немаат сили за брза интервенција при ДЗС. Немаат кризен менаџмент, вклученост на јавните претпријатија и градежни фирми.
Тие тоа го немаат разработено во системот и токму во таа насока ќе се движи идната организациска поставеност. Нивните противпожарни единици се малубројни и неподготвени за една ваква голема катастрофа,“ објаснува Атанасов.
По земјотресот кој зеде 51 жртва, според оценката на Атанасов, се води и политичка битка меѓу власта и опозицијата. Владата на Еди Рама сака што побргу да се расчистат урнатините и да се започне со градат нови домови за настраданите семејства. Додека опозицијата инсистира прво да се изврши истрага за причините за големиот број на урнати градби.
Мета