еМагазин
Локално

Во грабежот на НЛБ Банка во Ѓорче Петров одземени 8.700 евра, банката ќе работи од понеделник

По вооружениот грабеж што се случи во експозитурата на НЛБ Банка во Ѓорче Петров, клиентите и вработените на банката се безбедни и се во добра здравствена состојба.

„Во текот на истрагата е утврдено дека со грабежот се одземени 8.700 евра. НЛБ Банка континуирано работи на подобрувањето и зголемувањето на безбедносните и сигурносни стандарди во работењето, со цел заштита на своите клиенти и вработени. Како резултат на веќе имплементираниот сет на безбедносни мерки, во овој настан сторителите биле спречени да направат поголема материјална штета.

Експозитурата во Ѓорче Петров ќе продолжи со редовно работно време од понеделник 20.01.2020 година. НЛБ Банка и понатаму соработува со надлежните институции со цел случајот да добие ефикасно разрешување“, се вели во соопштението на банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ограбена експозитурата на НЛБ банка во Ѓорче Петров

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убиените во Топанско Поле се скопјани на возраст од 24 и 28 години

Редакција

Загина 25-годишен скопјанец откако со мотоцикл излетал од коловоз на автопатот Скопје – Тетово

Редакција

Слаб земјотрес во околината на Гостивар

Редакција