еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Креаторката Кокев: Атиџе на Оскарите ќе ја испратиме скромна, убава, дотерана онака како што се чувствува најпријатно

Модната креаторка Тања Кокев која ќе ги дизајнира креациите за филмската екипа на „Медена земја“ за Оскарите, се огласи на Фејсбук по повод коментарите за соработката со тимот.

„Ви благодариме на сите за поддршката и убавите зборови за соработката со тимот на Honeyland, посебно со Атиџе. Многу често во вашите пораки споменавте дека едвај чекате да ја видите нејзината трансформација. Атиџе е жена прекрасница, една во милион. Таквите жени не се трансформираат, може ние да се трансформираме учејќи од неа. Ние не сме тие кои треба на таа скромност да и кажуваме како да прошета на Оскарите.

Таа си ја знаеше бојата уште пред да и го отвориме каталогот. Секако дека ќе го испочитуваме дрес кодот на домаќините, Оскарите и ќе ја стокмиме во свечено руво, но нема да ја трансформираме, бидејќи не гледаме потреба за такво нешто.

Ќе ја испратиме на Оскари скромна, убава, дотерана онака како таа ќе се чуствува најпријатно. Само во една средба таа ми кажа 10 мудрости, јас тука не можам и не сакам ниту да додадам ниту да одземам нешто“, вели Кокев на нејзиниот фејсбук-профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Отворено со Атиџе, ѕвездата на „Медена земја“: Обожавам да пеам, сакав да станам пејачка

Атиџе и семејството од „Медена земја“ ќе добијат домови, а авторите на филмот државна награда

(Фото) Медена тура: Воодушевени од Атиџе, велосипедисти возеа до нејзиното село Бекирлија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Следните денови времето сончево со значително повисоки дневни температури

Редакција

НАСА: Овој месец ќе биде најтопол во илјадници години, 2024 ќе биде уште потопла

Редакција

Светозар Јаневски: Направивме развој од граница до граница, а зборуваме за свет без граници

Редакција