На денешното рочиште за случајот “Рекет“ на кое повторно беа презентирани материјални докази, јавноста дозна нови детали за тоа што се е пронајдено при претрес на обвинетите, Бојан Јовановски-Боки 13 и поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева.
Додека кај Боки 13 биле пронајдени четири пиштоли, многу гардероба, банкноти по 50 евра, српски динари, автомобил марка „Ренџ ровер“, од домот на Јанева биле одземени нотеси, бели листови со забелешки напишани со пенкало на кои го пишувало и името на Јовановски, пишува Плусинфо.
Од фотографиите направени при претресот во подрумските простории од домот на Јанева се гледа и дека таа имала мини фитнес сала, опремена со лента за трчање, велосипед и боксерска вреќа, пишува порталот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Судење за “Рекет“: Од домот на Јанева одземена и кожна ташна „Луј Витон”
Нова „епизода“ за „Рекет“ на 6 февруари: Ќе се гледаат сите снимки на Јордан Камчев
Боки на рака му напиша писмо на Јовески, бара да биде изведен пред него
Фото: Инстаграм/Боки 13