Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски во серијалот на СДСМ, “30 прашања со…“ вели дека секој ден се буди во 5.10 часот и вежба во сала од 6 часот наутро.
На прашањето што не знаат другите за него вели дека два дена во неделата е веган, иако омилена храна му е месото.
Открива дека истрчал најмногу 21 километар и дека најдобар совет што го добил е да бега од мотика и од политика.
Вели дека доколку не би бил политичар би бил инженер, како и дека децата секој ден позитивно го изненадуваат.
Најтешко е да се справиш со сите работи на администрацијата, вели тој, а најлудо било што му се скршил пасошот на пола.
Совет кој го дава е да не се нервирате на работа, иако тој не го практикува.
На прашањата одговараше од теретана во дрес од македонската фудбалска репрезентација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Кој е Спасовски приватно: Лесно избувлив, но истраен
(ВИДЕО) Која е Царовска приватно: Сака да сними дует со Бредли Купер, омилен филм и е „Џокер“
Фото: Влада/видео: СДСМ