еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Хоакин Феникс, актерот кој зеде Оскар за улогата во „Џокер“ бил голем фан на Атиџе

Хоакин Феникс, актерот кој зеде Оскар за главна машка улога за улогата во филмот „Џокер“ бил голем фан на Атиџе Муратова, откри снимателот Самир Љума.

Но, не само Феникс туку и бројни други познати режисери, продуценти, актери изразиле воодушевување од Атиџе, а еден ден, како што вели Љума тие фотографии ќе бидат објавени.

Љума, на прес-конференцијата од Лос Анџелес која се одржи онлајн, рече дека воодушевувала реакцијата на филмските работници кога ќе се спомнал филмот на кој тој работел.

Инаку, снимателите Самир Љума и Фејми Даут неодамна ја освоија врвната награда за најдобра кинематографија, која ја додели Американското здружение на кинематографи. Тие се први добитници на оваа награда, која Асоцијацијата на кинематографи на САД ја воведе годинава.

Но, она што сега и е потребно на екипата е да одмори и да се посвети на други активности.

Секој од нив научил по некоја лекција меѓу која дека човек никогаш не треба да се откаже од своите идеи и мотиви, а успехот е поврзан со трпение и упорност за работите да се завршат до крај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Екипата на „Медена земја“ со впечатоци: Оскарите ни се случуваа секој ден во Лос Анџелес

(Фото) Атиџе доби портрет изработен од коса

Атиџе со моќна порака среде Холивуд: Како што јас споделувам со пчелите, луѓето нека споделуваат едни со други

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Србија нема да учествува на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Тирана, поради срамната реакција на ЕУ за изборот на Рашиќ

Редакција

(Галерија) Зимска колекција од SuperDry наменета за вљубениците во скијањето, планината и снегот

Редакција

Двајца од Скопје, по еден од Велес и Прилеп: Починаа 4 пациенти позитивни на Ковид-19

Редакција