еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

Атиџе по ѕвездените моменти во Холивуд: Сакам да ги гледам пчелите, ми е жал ме чекаат

Хероината на „Медена земја“, Атиџе Муратова на онлајн прес-конференција на филмската екипа од Лос Анџелес испрати порака со песна.

„Грешни не грешни јас ќе ги вратам, „Медена земја“ се ќе Ви прости,“ запеа Атиџе.

Прашана за впечатоците, Атиџе рече дека Лос Анџелес повеќе и се допаднал повеќе од Њујорк, а најмногу го бендисала океанот.

Сега кога помина се и задоволна е од тоа како поминала на црвен килим, за кој не ни сонувала, Атиџе сака да им се врати на пчелите. Потенцираше дека доста и е од интервјуата.

„Сакам да ги гледам пчелите, ми е жал, ме чекаат мене,“ рече таа.

Во следниот период екипата веројатно ќе се повлече од јавноста, бидејќи како што рекоа, публицитетот годи до одредена мера, а потоа предизвикува вознемирување.

„Атиџе и фамилијата на Хусеин, се реални ликови кои се соголиле пред нас да им ги снимаме животите и најинтимните моменти. Среќни сме што придонесуваме за среќата на јавноста, но сакаме да имате предвид дека се реални ликови и животи и до една мера публицитето годи, но границата која преоѓа во вознемирување, тоа предизвикува проблем,“ истакна режисерот Љубомир Стефанов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Екипата на „Медена земја“ со впечатоци: Оскарите ни се случуваа секој ден во Лос Анџелес

Хоакин Феникс, актерот кој зеде Оскар за улогата во „Џокер“ бил голем фан на Атиџе

(Фото) Атиџе доби портрет изработен од коса

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Нова колекција на Parfois, WOW фактор

Редакција

Сведок на одбраната не дојде, одложено судењето против Мухамед Зеќири

Редакција

(Фото) Николовски се венчаше во манастирот Св.Јоаким Осоговски

Редакција