еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео+фото) Приведени 4 лица, запленет 1 килограм кокаин во Крушопек, детали од МВР

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен организиран криминал, Единица за недозволена трговија со дрога во период од 17-19.02.2020 година во координација со Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а во рамки на меѓунардна полициска соработка во која беа вклучени повеќе земји, реализираше акција за сузбивање на недозволена трговија со дрога при што во скопско Крушопек беа откриени и запленети само дел – поточно еден килограм кокаин кој што според првичните информации е дел од поголема количина кој требало да заврши во нашата држава, информираше техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев.

„Вчера (19.02), околу 09 часот на ГП Ќафасан, Струга на влез во нашата држава евидентирано е ТМВ Марка Ивеко, влекач и приколка, управувано од триесет и едногодишниот Ј.К. државјанин на Црна Гора, кој по завршување на царинските формалност со товарното возило се упатил кон скопското село Крушопек.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Запленетиот кокаин во Крушопек, дел од 1,3 тони по потекло од Колумбија наменет за Копер, Словенија

Прво пасоши, сега кокаин: Кога партиите се караат на „грбот“ на МВР

По пристигнувањето на возилото во Крушопек, од страна на полициски службеници а по претходно обезбедена судска наредба извршен е претрес во магацински простор, при што затекнати биле и лицата Ј.Е. (22), инаку син на сопственикот на правното лице кое е краен примач на стоката и Р.И. (51) од Скопје – вработено лице кои вршеле истовар на робата. При извршување на истоварот на лице место неповикан дошол и 47-годишниот С.Е. од Скопје, наедно сопственик на правното лице.

При извршениот детален претрес на магацинот и камионот со кој се превезувале банани во еден од пакетите било пронајдено едно правоаголно пакување со непозната бела прашкаста материја – кокаин кое било облепено со зелена трака. Истото е одземено и предадено на понатамошно вештачење.

Исто така, при претресите биле пронајдени и одземени мобилни телефони, парични средства во износ од околу 3.000 евра, 700 долари, 188 илјади денари, како и товарно моторно возило ИВЕКО, заедно со 1.098 пакети банани и останата документација,“ рече Чулев.

По завршување на претресот од слобода се лишени Ј.К. возач на камионот, С.Е. сопственик на правното лице и краен примач на стоката, Ј.Е. и Р.И. кои биле затекнати во магацинот додека се вршел истовар на стоката.

Горенаведените лица се лишени од слобода, задржани се во полициска станица и истите во текот на денот ќе бидат предадени за понатамошна постапка кај надлежен јавен обвинител.

Првичните проверки укажуваат дека правното лице кое е увозник, претходно во 120 наврати извршила увоз на овошје, во најголем дел од Колумбија и во помал дел од Евкадор.

„На крајот ќе споменам дека станува збор за меѓународна операција против криминалните структури вклучени во трговија со дрога и во оваа прилика сакам да изразам благодарност до колегите во Министерството за внатрешни работи, ОЈО и Царинска управа како и партнерските институции од земјите кои се вклучени во оваа акција за високото ниво на соработка и конспиративноста во реализација на оваа полициска акција.

Во текот на денешниот ден и деновите кои следуваат од страна на Министерството за внатрешни работи ќе бидат преземени опсежни мерки за известување на земјите низ кои има поминувал транспортот се со цел добивање дополнителни информации и утврдување на други криминални групации кои се вклучени во оваа трансационална нелегалма активност.

Покрај овие меѓународни активности, Министерството за внатрешни работи ќе преземе активности за утврдување на останати правни или физички лица кои се во корелација со конкретното правно лице, а би можеле да бидат вклучени во оваа нелегална активност. А, дополнително во текот на денот ќе биде започната и финансиска истрага кон конкретниот правен субјект и физичките лица,“ додаде Чулев.

Фото/видео: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Навивачите на „Шкендија“ демолираа низ Тетово, ширеа говор на омраза и повикуваа на насилство

Редакција

Заев: Арсовска е државјанин на Бугарија, за кмет може да се кандидира во Бугарија

Редакција

10 починати од Ковид-19 минатата недела

Редакција