еМагазин
Image default
Бизнис

Горивата поскапуваат од половина до еден денар за литар

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизелот се зголемува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со одлуката на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во прoсек за 1,46 отсто.

Новата малопродажна цена на бензинот Еуросупер БС-95 ќе изнесува 67 денари за литар, а Еуросупер БС-98 ќе се продава за 69 денари.

Малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) ќе биде 58,5 денари за литар, додека цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за еден денар по литар и ќе изнесува 47,5 денари.

Со одлуката на РКЕ за 0,425 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе чини 33,565 денари.

Како причина за промена на малопрадажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 0,8 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот во изминатите седум дена и зголемувањето на референтните цени на дизелот и на бензините за 1,41, односно за 2,68 отсто.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Годишен раст од 8,7% на депозитите и од 5,1% на кредитите

Редакција

Фондот за здравство распиша тендер за набавка на струја „тежок“ 11 милиони денари

Редакција

Актуелните правила за патување во Грција продолжени за уште една седмица

Редакција