еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

АВМУ: Законот за медиуми е спротивен на ЕУ директивите и не гарантира слобода на реемитување на ТВ каналите

Последните измени на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги беа донесени на крајно нетранспарентен начин, во процес којшто не беше инклузивен и тоа пред самото донесување на Одлуката за распуштање на Собранието и на Решението за распишување на Предвремените парламентарни избори за пратеници. Ваквиот начин на носење на законски измени е крајно разочарувачки и несоодветен, велат од Агенција за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за еМагазин по најавата дека операторите ќе прекинат со реемитување на домашните и странски канали.

“Одредбите со коишто на операторите им се наметнаа дополнителни обврски при реемитување странски програмски сервиси, се спротивни на основните принципи на европската медиумска политика и регулатива.

Со оглед на тоа што нашата држава е земја кандидат за членство во Европската унија, треба да се гарантира слободата на прием и реемитување на програмски сервиси од државите членки на Европската унија и другите европски држави потписнички на Европската конвенција за прекугранична телевизија на Советот на Европа.

Бидејќи законските одредби се стапени на сила, на Агенцијата не и преостанува ништо друго освен да ги имплементира. Од овие причини отпочнавме со подготовка на релевантните подзаконски акти коишто е предвидено во петок, 28 февруари, во нацрт верзија да бидат доставени до Советот на Агенцијата, по што  сите засегнати страни во рок од 35 дена ќе имаат можност да дадат свои предлози и забелешки.

Сето ова се поклопува со веќе започнатиот изборниот процес и мониторинг на медиумите од страна на Агенцијата. Наместо својот фокус и ресурси  целосно да ги насочи кон квалитетно извршување на обврските кои произлегуваат од Изборниот законик, регулаторот е принуден дел од своите ресурси да ги пренасочи за изнаоѓање начини за спроведување на овие законски одредби, кои не само што се донесени во последен момент туку можат да го загрозат и самиот изборен процес“, велат од Агенцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Операторите ќе прекинат со реемитување на домашни и странски ТВ канали освен на јавниот сервис

Македонија како Северна Кореја: Ни се заканува информативен мрак?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Камчев синоќа пренесен во Шутка: Притвор за дел од петмината во „Империја“

Редакција

Пад од 15% на договорената работа на домашната градежна оператива во странство во првиот квартал

Редакција

(Галерија) Во Ростуше се гради авантуристички парк за деца и возрасни

Редакција