еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Професорите Ристевски и Јанев осудени на 2,5, а Шуклев на 2 години затвор за случајот „Еразмус“

Професорите на Економскиот факултет во Скопје, Славе Ристевски и Драге Јанев се осудени на 2,5, а нивниот колега Бобек Шуклев на две години затвор за случајот „Еразмус”, односно за земање пари од студенти за полагање на испити.

Демонстраторот Драган Денковски доби условна казна од две години, а професорот Стојан Дебарлиев е ослободен од обвинението.

Судечкиот совет денеска покрај затворските казни, на осудените им изрече и мерка забрана за вршење дејност од 10 години.

Обвинителството ги товареше обвинетите дека во повеќе наврати во текот на 2015 и 2016 година, искористувајќи ја својата положба сториле кривични дела.

Обвинетите професори Бобек Шуклев и Славе Ристески се товарат за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание, Стојан Дебарлиев за злоупотреба на службената положба и овластување, а демонстраторот Драган Денковски за давање поткуп.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Придавката „македонски“ била и ќе биде во записниците од работата на Комисијата со Бугарија, вели Ѓоргиев

Редакција

До кога Рикер, Хан и други ќе мора да бидат дадилки на македонските политичари?

Редакција

Нови 1.402 случаи на Ковид-19 од 3.978 тестирања

Редакција