Министерот за здравство, Венко Филипче информираше дека една од зајакнатите мерки за спречување на ширење на корона вирусот е забрана за вршење на превоз со автобуси и комбиња до Италија и Франција.
Тој препорача да не се патува, посебно во високо и средно ризични земји, кои постојано се објавуваат од страна на Светската здравствена организација (СЗО).
Филипче додаде дека една земја многу брзо преминува од средно во високо ризична и оттука упати апел, да се следат препораките на Владата.
Состојбата со заболени од корона вирус по држави можете да ја следите на линкот ОВДЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.