еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Прво обвинение за одбивање на самоизолација поради корона вирусот: Парична казна за жител на Дебриште кој се вратил од Германија

Основното јавно обвинителство Кавадарци до Основниот суд Кавадарци поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице обвинето дека сторило кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, информираат од таму.

“Обвинетиот умислено не постапил според писмената наредба на Министерството за здравство со која се определуваат мерки за спречување или сузбивање на пандемијата на опасна заразна болест – коронавирус COVID 19.

Имено тој влегол во државата на 16 март во 23:15 часот, враќајќи се од Германија како средноризична земја утврдена на листата на Светската здравствена организација. Притоа одбил да потпише изјава за задолжителна самоизолација и да ја прими писмената наредба на Министерството за здравство.

На 17 март во 13:00 часот, кога од страна на униформирани полициски службеници од ОВР Кавадарци е направена контрола во неговиот дом во с. Дебриште, Росоман, обвинетиот не бил затекнат во домот и телефонски изјавил дека е на истовар на роба во Струмица.

Јавниот обвинител, согласно Законот за кривична постапка, му предложи на Судот на обинетиот да му изрече парична казна во висина од 50 дневни глоби“, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Корона вирусот покажа колку сме себични

140 лица потпишале изјави за самоизолација, ако не се самоизолират кривично ќе одговарат

Три случаи на непочитување на самоизолацијата во Струмица и Тетово, четири се проверуваат во Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Украина тврди: 2.800 руски војници се „изгубени“, уништени се 500 воени возила, 80 тенкови и 10 авиони

Редакција

Македонските граѓани кои се вакцинираа во Србија, втората доза ќе ја добијат или таму или дома

Редакција

Непријатниот мирис во операционите сали бил од формалдехид, вели Таравари

Редакција