еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Срам во Битола: Наместо во изолација се степале со соседите

Семејство од Битола кое на 14 март се вратиле од Италија доби предлог за казнен налог за непочитување на здравствени прописи за време на епидемија.

Пет члена од семејството, според ОЈО Битола, сториле кривично дело и не го почитувале решението за домашна изолација од 14 дена. Тие вчера излегле пред нивниот дом и вербално и физички ги нападнале соседите.

„На обвинетите им била определена мерка за спроведување на задолжителна домашна изолација во траење од 14 дена по нивното пристигнување од Република Италија.

Тие биле должни согласно издадените решенија од надлежните органи во периодот од 14 март 2020 година до 27 март 2020 година да бидат во домашна изолација и да не го напуштаат своето престојувалиште во Битола.

На 18 март 2020 година, околу 12 часот, излегле од својот дом на улицата пред семејната куќа, вербално се расправале со соседите, по што двајца од обвинетите физички ги нападнале соседите и им нанеле телесни повреди.

Со овие дејствија сите обвинети не постапиле по донесените прописи за време на пандемија-епидемија од глобални размери со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на епидемијата на заразната болест предизвикана од коронавирус -COVID 19“, се наведува во соопштението.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола го поднесе предлог за издавање казнен налог, со кој на Основниот суд Битола предложи на обвинетите да им изрече 100 дневни глоби, при што вредноста на една една дневна глоба да се определи во висина од по 20 евра во денарска противвредност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

БРАВО: Гифти текс од Прилеп на свој трошок почна да произведува заштитни маски, кои ќе се донират

За амортизирање на ударот од корона вирусот: Државата да се задолжи, банките да понесат дел од товарот

Казнете ги продавниците, маркетите, аптеките, пазарџиите… кои сега во најтешкото ќе ги зголемат цените

Прв пат во историјата вонредна состојба: Не е време за партиски препукувања

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Ципрас во Струмица кај другарот Заев

Редакција

Приведени две лица поради пожарот на ресторанот „Мечка“ во Дебар Маало

Редакција

На двегодишниот Марко кој има ретко заболување, потребни му се средства за лекување во Турција

Редакција