Владата на денешната 27 седница ја дополни Одлуката забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија со забрана за влез и излез од и во подрачјето на територијата на општина Куманово со градски и меѓуградски патнички и железничкиот патнички јавен превоз, информираат од таму.
“Оваа одлука влегува во сила од 25 март 2020 година.
Ги зајакнуваме уште повеќе мерките за запирање на заканата од коронавирусот.
Ова се мерки за заштита на сите граѓани, на сите нас. Да ги почитуваме за да успееме“, велат од Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Двајца лекари и две сестри од кумановската болница позитивни на коронавирусот
Затворено Одделението за трансфузиологија во Охрид, персоналот бил во контакт со заразен пациент
(ВИДЕО) Лизгалиште во Мадрид претворено во мртовечница
(Видео) Италијански градоначалници „полудеа“ апелирајќи да се остане дома поради корона вирусот