еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Браво: Доставени првите 300 заштитни маски со визири за медицинските работници

Повеќе од 35 приватни и комерцијални 3D принтери се ставени во функција и работат буквално 24 часа со цел да може да се произведе доволна количина на заштитни маски со визири за медицинските работници.

Поради запазување на медицински протокол и препораките за справување со корона вирусот, а во соработка со клиниките, првата количина од 315 маски беа денес доставени во ГОБ “8-ми септември” на стерилизација, а подоцна и на официјална прераспределба на местата кои се први изложени на удар од корона вирусот.

Покрај овaа количина на маски доставена во Скопје, помали тимови од внатрешноста на републикава, Куманово, Битола, Охрид, Прилеп, веќе работат со своите домашни 3D принтери со цел да се снабдуваат и медицинските работници директно на локално ниво.

Многу од членовите на инцијативата кои немаат принтери помагаат координирајќи соработка меѓу колегите и болниците, со цел да се запазат истите протоколи како и во Скопје, посочуваат инцијаторите на акцијата.

По стерилизација, првата количина маски ќе бидат доставени до Инфективна клиника, Клиниката за Гинекологија и акушерство, Ургентен центар при Клиничкиот центар „Мајка Тереза”, Универзитетската Клиника по хирушки Болести „Св. Наум Охридски”, Детската Болница „Козле” и Градската Општа Болница „8-Ми септември”.

Со организиран превоз, маски ќе се испратат и во Дебар, Куманово, Струга и Охрид.

Ако темпото на производство продолжи како денес очекуваме од утре ќе почнеме со дистрибуција и до останатите клиники, велат инцијаторите.

„Голема благодарност на сите членови на заедницата кои постојано работат за да може да се направи доволна количина на маски, а уште поголема благодарност до сите донори со чија помош се покриваат материјалите за овие маски да станат достапни на медицинските лица, односно на клиниките. Истите не се за продажба.

Оваа иницијатива е од граѓаните за граѓаните и не е со цел остварување на профит.

Моделот по кој работиме, како и повеќето модели кои можат да се најдат на интернет и веќе кружат по социјалните мрежи подлежат на non-commercial лиценца, што и ја прави нивната продажба противзаконска. Ќе додадеме и некои технички детали за овие маски.

Држачите кои што имаат контакт со челото можат да се стерилизираат во водорор пероксид плазма на 50Cо, додека провидниот материјал може да се исчисти со потопувње во чист етанол или соодветен дезинфициенс,” изјави Ристе Попески-Димовски од Институт за физика при Природно-математички Факултет.

“И покрај големиот ангажам водиме детална евиденција, кој што произвел и што доставил. Донациите кои ќе стигнат на сметка на АМЛС (Асоцијацијата на млади лекари и специјалисти) ќе бидат јавно достапни со цел да се знае каде и за што се потрошени средствата.

Дали се набавувало материјал или некое резервно делче за принтерите. Со цел да сме отворени, ќе кажеме дека по сегашните цени на материјалот една маска има потрошен материјал од 40 денари, не сметајќи ја тука струјата и времето која граѓаните ќе ја потрошат дома или бензинот на оние кои го собираат и дистрибуираат готовиот материјал.

Тој трошок е донација од сите нас. Секако ние не можеме да спречиме доколку некој сака и реализира профит од оваа ситуација“, велат инцијаторите.

„Оваа инцијатива нема да застане само на овие заштитни визири. На барање на нас лекарите и на барање на болниците, 3Д дизајнери веќе работат на варијанти за елементи кои би можело да станат дефицитарни доколку продолжат забраните за извоз на медицинска опрема кои ги имаат повеќето земји.

Можеби во поинакви услови, доктори, дизајнери, производители ретко седнуваат на една „маса”, но во овој случај работиме за доброто на граѓаните,” изјави Александар Каревски од Оддел за ортопедија и трауматологија при ГОБ „8-ми септември”.

Иницијативата на facebook групата: facebook.com.

ПОВРЗНИ ВЕСТИ

Доставени првите 300 заштитни маски со визири за медицинските работници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Лани македонскиот БДП во минус од 4,5%

Редакција

„Ќе те уништам со оваа слика„: Сведоштво на уште една жртва на „Јавна соба“

Редакција

Убава вест: Оздравеа уште 33 нови пациенти од корона вирусот, вкупната бројка до сега 1.836

Редакција