Мобилната болница во кругот на Универзитетската Клиника за инфективни болести е поставена и е подготвена за прием на пациенти со коронавирусот.
Во неа има 130 кревети и соодветни услови, тоалети, тушеви.
Целосно ќе биде ставена во функција во текот на следната недела.
Мобилната болница е поврзана со Инфективната клиника и ќе го надополни нејзиниот капацитет.
Во нејзиното поставување, што траеше неполни седум дена, беа вклучени Град Скопје, Министерството за здравство и Министерството за одбрана.
Таа е поставена на просторот, каде што претходно беа бараките на поранешниот студентски дом „Медицинар“, кои Град Скопје ги урна и го уреди просторот.
Со неа допонително се зголемуваат капацитетите за хоспитализација на инфицираните од Ковид-19.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Коронавирусот, сепак, не е дел од теориите на заговор
Фото: Град Скопје