еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Како и зошто од коронавирусот почина фризерот од Кочани кој имаше 40 години

Случајот со 40-годишниот фризер од Кочани кој почина од коронавирусот предизвика голем интерес во јавноста, а посебно во Кочани и околината, имајќи ја предвид неговата професија.

Тој беше првозаболениот пациент во Кочани.

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес конференција рече дека тој е без познати претходни заболувања.

“Манфестацијата на болеста беше во најтешката форма. Станува збор за вирус кој не ги напаѓа само белите дробови, туку и сите други органски системи. Таквата е карактеристиката, механизмот на дејство преку еден вид специфични рецептори.

Иако повозрасната група на граѓани се повеќе подложни, сепак не е исклучена тешка клиничка форма и кај помладите пациенти и за жал смртен исход“, рече Филипче.

Тој бил примен на Инфективната клиника на 29 март.

И тетовчанец, кој е еден од новопочинатите од вирусот, на возраст од 65 години исто така бил без познати други минати заболувања.

И двајцата како што рече Филипче имале тешка клиничка слика.

Вкупниот број на починати од вирусот во Македонија моментално изнесува 22.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вкупно 22: Нови 3 лица починаа од коронавирусот

Вкупно 570: Нови 15 лица заболени со коронавирусот во Македонија

Двајца починати од коронавирус во Тетово, еден нов заразен, вкупно 30

18 деца во Македонија до деветгодишна возраст се заболени од корона вирусот

Фото: Општина Кочани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата ќе дава логистичка подршка за укинатиот Центар за македонски јазик во Лерин, најави Мицкоски

Редакција

Нови 6.600 самопопишани од дијаспората, вкупно до сега 143.755

Редакција

Евакуирани жители на неколку куќи од Кокино: Гори борова, дабова и нискостеблеста шума

Редакција