еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Голем раст: 82 здравствени работници во Македонија позитивни на коронавирусот

Продолжува да расте бројот на здравствени работници во Македонија кои се позитивни на коронавирусот.

Според податоците на Институтот за јавно здравје, регистрирани се 82 случаи на заболување меѓу здравствени работници, заклучно со податоци до 8.април.

До 7. април бројката беше 72, до 6. април 69, до 5. април, 63, а до 3. април 57.

Познато е дека позитивни на коронавирусот се/беа здравствени работници од болници во Куманово, Дебар, Кавадарци, Битола, Прилеп, Охрид, Демир Хисар, Гостивар, Тетово и Скопје.

Заболени здравствени работници има/имаше од Клиниката за кожни болести во Скопје, Клиниката за кардиологија во Скопје, Клиниката за инфективни болести во Скопје, Итната медицинска помош во Скопје, Здравствен дом Скопје, Завод за рехабилитација Скопје, болницата во Куманово, приватната болница „Плодност“ во Битола, Педијатриската амбуланта во Дебар, болницата во Кавадарци, болницата за белодробни заболувања и туберкулоза во Лешок, Поликлиниката Чаир, Скопје, болницата во Прилеп, болницата во Гостивар…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

206 лица од заболените со коронавирусот во Македонија без симптоми

Кумулативната инциденца во Куманово над 100, како изгледа мапата по градови

25 лица од новозаболените со коронавирусот имале контакт со потврден случај, 6 неодамна патувале

Детален преглед по градови: 30 починати и 633 заболени од коронавирусот во Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Собранието ја усвои Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за „црвените линии„ со Бугарија

Редакција

(Аудио) Нови аудио-снимки на „Јутјуб“: Со Сашо Мијалков расчистив се, нема да дозволам да ми го газат достоинството

Редакција

Викендите предизвикуваат раст на бројот на новозаразени од Ковид-19

Редакција