Ковид-19, може да се пренесе на косата, со допир или по пат на капки во воздухот, вели трихологот, д-р Елена Арсова.
Таа потенцира дека треба да бидеме внимателни, на пример, додека чекаме во редот во маркет да бидеме на дистанца од другите на два метра, но и да не ја допираме косата, оти вирусот најчесто се пренесува преку прсти со кои што допираме најмногу површини, несвесно, а потоа своето лице.
-Освен што треба да ги миете рацете, треба да ја миете и вашата коса, доколку сте биле излезени надвор од својот дом. Со самиот факт дека скоро секоја жена несвесно констатно ја допира својата коса, со тоа и ги зголемува можностите за пренос на вирусот, подвлекува д-р Арсова.
Таа посочува дека коронавирусот е познат само неколку месеци и нема доволно информации за неговиот капацитет на преживување, а во тој контекст ниту околу тоа колку долго може да опстане на косата, но факт е дека може да преживее на влакното, пократко отколку на мазни површини.
Арсова, која е трихолог и сопственик на приватна клиника во Белград, потенцира дека миењето на рацете со сапун е најдобар начин да го деактивираме коронавирусот, дури поефикасен од употреба на средства за дезинфекција.
На ист начин, вели, со миењето на косата со адекватен шампон може да го уништиме Ковид-19 на влакното.
МИА/Фото: МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Двајца од Скопје, по еден од Велес и Прилеп: Починаа 4 пациенти позитивни на Ковид-19
Вкупно 854: 26 нови случаи на Ковид-19 во Македонија, дури 11 во Куманово
Нов раст: 117 здравствени работници во Македонија заразени со коронавирусот