еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од среда задолжително носење заштитни маски и ракавици за граѓаните во Куманово, Тетово и Прилеп

Почнувајќи од 22 април 2020 година (среда), се воведува мерка за забрана за движење на населението на подрачјата на општините Куманово, Тетово и Прилеп, без носење на соодветна заштитна опрема (маска, шал, марама и сл.), надвор од своите домови, на сите јавни места и површини од отворен и затворен тип, како и затворени простории, маркети, продавници или сл, одлучи Владата.

Како што соопштија од владината прес-служба, за оваа цел, Владата го задолжи Министерството за здравство да подготви и за наредната владина седница да достави уредба со законска сила во која правно ќе го нормира ова прашање, начинот на имплементирање, користење, потребната заштитна опрема, како и да се уреди прашањето на минимум задолжителната количина (резерва) што производителите на маски треба да ја имаат за потребите на државните институции.

-Во уредбата да се предвиди дека обврската за носење на заштитна опрема ќе се применува на територијата на Република Северна Македонија, но по извесен период, стои во соопштението.

Министерство за здравство, доби задожение и дел од донациите на заштитна опрема кои земјата ги има добиено до овој момент, да бидат дадени на здравствените установи во општините Куманово, Прилеп и Тетово.

Од вчерашната седница произлезе и задолжувањето за сите органи на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, агенции, фондови, бироа, заводи, управи и сите останати државни институции кои имаат свои седишта или подрачни единици на подрачјето на Општина Куманово, како и укажувањето на Општина Куманово и јавните претпријатија и другите правни лица основани од Општина Куманово, да ги редуцираат своите капацитети и да воведат посебни мерки за заштита, со цел поголем број на лица да бидат изолирани во овој период.

Исклучок од оваа мерка, се посочува, се вработените лица од МВР, Министерството за одбрана – Армијата на Република Северна Македонија, од јавните здравствени установи, како и вработените во територијалните противпожарни единици на подрачјето на Општина Куманово.

МВР, во соработка со општинските штабови за заштита и спасување, најдоцна до 21 април 2020 година (вторник), треба да подготви посебен оперативен план за присуство и дејствување на припадниците на полицијата во подрачјата на општините Куманово, Прилеп и Тетово, преку користење на засилени патроли и засилено присуство, користење на мегафонска опрема од полициските возила на јавните места и површини, со цел контрола над почитувањето на одлуките, мерките и препораките донесени од Владата на Република Северна Македонија, информираат од Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Графикон) 43 деца до 9 години во Македонија заразени со коронавирусот

Убава вест: Во Македонија излекувани 164 лица заразени со коронавирусот, нов раст

Со хронични здравствени состојби 308 лица од заразените со коронавирусот во Македонија

Детален преглед: Заразени со коронавирусот во 23 градови

Фото: Општина Куманово

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Директорот на Гранит, Зоран Милковски повторно купи акции на компанијата

Редакција

Двајцата лекари кои се вратија од Мадрид не се заразени со корона вирус

Редакција

Лавров ќе дојде во Скопје, ако Бугарија го отвори воздушниот простор

Редакција