Организирана колона од камиони, автобуси, комбиња со вклучени сирени попладнево се движи низ центарот Скопје. На тој начин транспортерите организирани од асоцијацијата Макам-транс изразија протест за покачената акциза на горивата и побараа поддршка за транспортниот сектор кој е меѓу најпогодените со здравствено економската криза предизвиката од коронавирусот.
Тие бараат да се укине Уредбата за зголемување на акцизата на горивата за три денари и да се воведе прогресивен данок на доход за сите стопански и нестопански дејности.
Протестот се одвива согласно сите мерки за безбедност кои се во сила заради пандемијата коронавирусот поради којашто се намали обемот на работа и во патничкиот и во товарниот превоз.
Превозниците на протест против зголемувањето на акцизатаСкопје, 28.04.2020 година
Posted by Makam-Trans on Вторник, 28 април 2020
Протестот на на Макам-транс не го поддржа СИЗ Македонија сообраќај АМЕРИТ, чии членки, како соопштија оттаму во најголем дел оцениле дека тоа нема да помогне за излез од економската криза поради коронавирусот.
Тие пак бараат подетално образложение на ефектите од владината мерка во јавноста, на транспарентен начин, но и гаранции за намената на собраните средства и нивна распределба онаму каде што е потребно, не изоставувајќи го товарниот транспортот, но и патничкиот превоз, кој бележи 100 проценти пад од почетокот на пандемијата.
МИА/Фото/Видео:Фејсбук/Макам-транс
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Влада: Акцизата на нафтата се зголемува за три денари