еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вкупно 1.511: Најмал број на заболени од корона вирусот од почетокот на епидемијата, регистрирани само петмина

Министерство за здравство информира дека во изминатите 24 часа направени се 249 тестирања, а потврдени се пет нови случаи на Ковид-19 и тоа во Скопје-2, Куманово-1, Прилеп-1 и Тетово-1.

„Во однос на оздравените пациенти од вчера направена е исправка, 2 лица кои се испишани од Инфективната клиника во Скопје од Прилеп и Струга се се уште позитивни на вирусот, но во добра општа состојба се пуштени на домашно лекување.

Согласно ова вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1.511, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 482,“ велат од Министерството.

Последната дистрибуција по градови е следна: Скопје – 511, Куманово – 401, Дебар – 51, Штип-34, Прилеп –158, Тетово – 86, Струга – 67, Велес – 77, Битола –19, Охрид –15, Кавадарци – 5, Гостивар –17, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-5, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 31, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино -9 (*7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија), Демир Хисар – 1, Македонски Брод -2, Пехчево- 2, Делчево-1, Валандово -1, Виница – 2.

“Направените 249 теста се преку: Институтот за јавно здравје –224, Ветеринарен факултет -0, Авицена –0, Биотек -11, Филип Втори (Жан Митрев) –5, Систина со PCR метода -6 и МАНУ -3.

Досега во земјата се направени вкупно 17.246 тестирања на Ковид -19.

Во изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се 2 нови пациенти, а хоспитализирани вкупно 39. На кислородна поддршка е 21 пациент, а на механичка вентилација 1 пациент.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 3 нови, а вкупно хоспитализирани 23 пациенти. На респираторна машина се 4 пациенти, а уште 5 се со потешка клиничка слика.

Во болницата во Битола се лекуваат 4 пациенти, а на домашно лекување се следат 3.

Во болницата во Штип се примени 2 нови пациенти, а хоспитализирани вкупно 4, а уште 4 се следат на домашно лекување.

На ифективните одделенија во Прилеп, Велес, Куманово, Гостивар и Тетово се хоспитализирани 44 позитивни и суспектни на Ковид-19“, велат од Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во приватните лаборатории веќе неколку дена нема заинтересирани за тестирање за корона вирусот

Убава вест: Продолжува трендот на поголем број на излечени од активните случаи со корона вирусот

(Видео) Хрватски „РТЛ“: Земјите од поранешна Југославија го „растурија“ корона вирусот, сиромашните подобро се справија од богатите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Diamond Mall прославува прв роденден со концерт на Саша Ковачевиќ

Редакција

Невладина пријави во Пазарниот инспекторат тројца професори од државниот Универзитет во Тетово

Редакција

Жител на Челопек уби двајца и повреди еден роднина

Редакција