Младата скопјанка Михаела Јаневска, е една од првите кои во Македонија донираше конвалесцентна (крвна) плазма за лекување на заболени пациенти од коронавирусот.
Таа е една од 1.099 излекувани од коронавирусот во државата, а информацијата ја соопшти на Твитер нејзината сестра.
“По две ипол недели на Инфективната клиника во Скопје и уште две недели во самоизолација, денес донираше конвалесцентна плазма која ќе послужи за третирање на пациенти позитивни на Ковид-19“, напиша таа вчера.
ова е сестра ми која после 17 дена хоспитализација на инфективно со #SARSCoV2 и 14 дена самоизолација дома денес донираше конвалесцентна плазма која ќе се користи за третман на пациенти
на линкот има формулар за пријавување за донирање https://t.co/nJgghEzW7s pic.twitter.com/7YYjuVF2EF
— Ангела (@RumShtangla) May 8, 2020
Како крвната плазма помага за лекување на заболени од коронавирусот
Како што е познато за сега нема ни лек, ни вакцина за лекување на пациенти заболени од коронавирусот, но постојат неколку типови на третмани со кои се лекуваат овие лица.
Поради специфичните барања за сега бројот на лица кои во Македонија донирале крвна плазма е мал, но нема да биде никакво изненадување во периодот што следи бројот на донатори да порасне.
Во крвната плазма на лицето кое било излечено од вирусната инфекција Ковид-19 има антитела кои организмот ги создал за време на борбата против болеста. Плазмата која ги содржи овие антитела кои се борат со инфекцијата се нарекува конвалесцентна плазма.
Таа се користи за лекување на заболените од Ковид-19, бидејќи се врзува за вирусот во организмот на болниот, го намалува неговото дејство, а со тоа ја намалува и прогресијата на болеста.
Терапија со конвалесцентна плазма се покажала ефикасна во борба против болести предизвикани од вирусите Ебола и САРС.
Кој може да биде донатор?
Постапката за донирање на плазма, плазмафереза, е постапка која трае 40 до 60 минути, со издвојување на 300 до 600 мл плазма и враќањето на другите компоненти на донорот. Самата плазма кај него многу бргу се надополнува.
Дарителот, донорот на плазмата треба да ги исполнува следните услови: пред сѐ прележана Ковид-19 инфекција, 2 негативни теста во растојание од 24 часа, по инфекцијата, да се минимум 21 ден без симптоми, да се на возраст од над 18 и до 60 години, и да се со телесна тежина над 60 килограми.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
239 здравствени работници заболени со коронавирусот во Македонија, оздравени 199
4 лица хоспитализирани, 3 со претходни заболувања, детали за новозаболените со коронавирусот
Фото: Твитер