еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Се очекува намалување на бројот на вработени во преработувачката индустрија

Економската состојба во компаниите во преработувачката индустрија според раководителите во април годинава била понеповолна во однос на претходниот месец.

Според објавените податоци состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во април 2020, во однос на март 2020 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во април 2020 година е понеповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна и во однос на април 2019 година.

Се очекува бројот на вработените да се намали. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во април 2020 година изнесува 67 проценти од нормалното искористување, а најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имало недоволната странска побарувачка со 18,8 отсто, недостигот на квалификувана работна сила со 18,3 отсто, неизвесното економско опкружување со 15,9 отсто и недоволната домашна побарувачка со 12,9 отсто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Прометот во индустријата во март намален за 21,1 отсто

„Корона“ кризата “удри“ на преработувачката индустрија

Корона кризата удира: Намален бројот на работниците во индустријата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска завршува јавниот повик за субвенции за плински уреди во возилата

Редакција

Струјата ќе поскапи за 27%, доколку се прифатат барањата на компаниите

Редакција

Нема договор за минималецот, ако нема промена до среда ќе има штрајк

Редакција