Пет пациенти заболени од корона вирусoт се излекувани со крвна плазма, информираше на неговиот фејсбук-профил, министерот за здравство, Венко Филипче.
„На Институтот за трансфузиона медицина, денеска го пуштивме во употреба новиот клеточен сепаратор за плазмаферза. Во време кога сѐ уште се соочуваме и се бориме со Ковид-19, апаратот ќе се користи за донирање на конвалесцентна плазма, а по завршување на пандемијата ќе се користи за донирање на стандардна плазма и тромбоцити.
Плазмата дава резултати – сите лица кои имаат оздравено од овој вирус може да даруваат. Упатувам апел, да даруваме и да спасиме човечки живот,“ напиша Филипче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Браво: Девојка од Скопје донираше крвна плазма за лекување на заболени од коронавирусот
Фото: Фејсбук/Филипче