Од вкупниот број направени тестови (744) во изминатото деноноќие, 355 теста се во рамките на скринингот, информираат од Министерство за здравство.
„Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи и не се регистрирани позитивни случаи на Kовид-19.
Досега со скринингот направени се 2.060 тестирања на Kовид-19, а регистрирани се само два позитивни случаи на вработени во градинка во Битола и во Скопје.
Сите останати резултати се негативни,“ се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
20 нови случаи на заболени од корона вирусот, од кои 16 во Скопје
Убава вест: Оздравени нови 24 пациенти од корона вирусот, вкупната бројка до сега е 1.411
63-годишен пациент од Скопје почина од корона вирусот, вкупната бројка до сега изнесува 113
Фото: Влада