еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Само еден од седумте новопочинати без претходни заболувања, а истиот имал контакт со потврден случај

Вчера во Македонија беа регистрирани рекордни седум починати поради компликации од корона вирусот.

Во ГОБ „8 септември“ починаа 6 лица, двајца од Скопје на возраст од 83 и 80 години, двајца од Куманово на возраст од 73 и 66 години, еден пациент од Струга на 44 години и еден од Тетово на 65 години, информираа од Министерството за здравство.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби пак почина еден пациент од Тетово, на 54 годишна возраст.

Детали за новопочинатите соопшти и Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

„Пријавени се 7 смртни случаи, од Скопје, Куманово, Тетово и Струга.

Случаите се на возраст од 44-83 години, сите со присутни симптоми.

Случаите биле хоспитализиран во КИБФС и ГОБ 8-ми септември каде и починале.

Само еден случај нема регистрирани коморбидитети и истиот имал контакт со потврден случај.

Починатите се без историја на патување“, стои во анализата на ИЈЗ, која еМагазин секојдневно ја пренесува.

Вкупната бројка на починати изнесува 140 лица.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Чаир има повеќе активни случаи на Ковид-19 и од Куманово и од Штип

Детален преглед: Во Чаир и Студеничани најголем број од новозаразените од корона вирусот во Скопје

Од Липково се 11 од вкупно 12. новозаразени лица во кумановско

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Илјадници граѓани во Белград им одадоа почит на убиените во училиштето и побараа оставки

Редакција

Дали и тоа што не отворивме ни едно поглавје со ЕУ е отстапување од Договорот од Преспа, прашува претседателката Силјановска Давкова

Редакција

Во Кривичен суд рочиште за „Титаник“ без Груевски

Редакција