Кафеаните, рестораните и кафулињата беа отворени минатата недела, но иако првата вечер од отворањето беа објавени снимки од гужва и непочитување на правилата, речиси најголемиот дел од угостителските објекти се празни со малку гости и работа.
Според информациите на еМагазин од угостителите, најголем проблем е мерката што се однесува на бројот на лица на маса кои не се од исто семејство. Владата препорача на иста маса можат да седат двајца, или 4 од исто семејство.
„Доколку друштво сака да дојде, најдобро е да се јават претходно, бидејќи ако се четворица или шестмина треба да споиме две или три маси,“ објаснуваат од кафулињата.
Сопственикот на кафулетот „Жапон“ исто така се пожали на мерката за двајца на иста маса.
„Со меркава двајца на маса изгледа угостителите добија протокол да отворат за да затворат. Свака част и едно големо благодарам,“ напиша тој на неговиот фејсбук-профил.
Незадоволство има и кај сопствениците на рестораните.
„Колеги како е? Се „изнаработевме“ денес??“, напиша сопственикот на ресторанот „Рулет“.
Министерот за здравство Венко Филипче вчера беше прашан дали ќе се менуваат мерките за угостителите, бидејќи се незадоволни, тој објасни дека засега остануваат истите препораки.
„Претставници на Државниот пазарен инспекторат присуствуваа на седницата на Комисијата за заразни болести за да информираат за состојбата на терен, но ставот на Комисијата е дека остануваат препораките,“ рече Филипче.
Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев информираште дека два од 483 проверени угостителски објекти, не ги почитувале препораките на Владата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Само 24 од 2.184 контролирани угостителски објекти не ги почитувале одлуките на Владата
(Галерија) Првите гости пристигнаа: Отворени кафетериите и рестораните