еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Двајца од новопочинатите од корона вирусот немале контакт со потврден случај, еден без претходни заболувања

Од Министерство за здравство вчера информира дека починаа уште четворица пациенти од корона вирусот, со што вкупната бројка на починати во Македонија изнесува 145.

„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина 84 годишен пациент од Прилеп, хоспитализирана на 17 мај.

Во ГОБ „8 септември“ починаа, пациент од Тетово (75 години) примен на 24 мај, пациент од Куманово (71 година) примен на 26 мај и пациент од Скопје (58 година) примен на 30 мај,“ информираа од Министерство.

Детали за новопочинатите соопштија и од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

„Сите случаи имале симптоми и биле хоспитализирани во КИБФС и ГОБ 8-ми септември каде и починале.

Само еден од случаите немал коморбидитети (хронична/здравствени состојби, н.з.), а 2 имале контакт со потврдени случаи.

Сите починати се без историја на патување во странство“, стои во анализата на ИЈЗ, која еМагазин секојдневно ја пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

15 фамилии го ставија Скопје во карантин

“Не можеш по Чаир, удри по Скопје„: Твитер реакции за враќањето на полицискиот час

Најмногу во Чаир, Центар и Бутел: Во кои скопски општини се новите случаи на заразени со корона вирусот

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

19-годишно момче загина во сообраќајка на патот Куманово – Липково

Редакција

Јетон Шаќири ќе биде нов министер за информатичко општестево и администрација

Редакција

Годинава во Словенија на работниците од Македонија им се издадени работни дозволи за 40,3% повеќе од лани

Редакција