На страницата domasiedoma.gov.mk можете да проверите дали сте на листата на граѓани кои добиле ваучери за домашен туризам во вредност од 6.000 денари.
Проверката е доста едноставна само со внесување на матичен број.
Добиените средства ќе можат да ги искористат во домашните туристички капацитети во периодот од 15 јули до 15 декември годинава.
Според Уредбата на Владата право на користење на ваучерите имаа сите вработени граѓани кои имаат приходи кои не надминуваат 15.000 денари месечно, односно вработените граѓани кои во периодот од јануари до април 2020 година не оствариле приходи повисоки од 60.000 денари по основ на нето плата и надоместоци.
Според информациите на еМагазин.мк, утре се очекува да биде изготвен протоколот за сместување во хотелски капацитети и издавање на приватни апартмани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Галерија) Предлог-место за посета по кризата со корона-вирусот: Етно-ресторан Куклица, Кратово
(Фото) Предлог-место за патување по завршување на корона кризата: Хотел „Лејк вју“ во Отешево
(Галерија) Предлог-место за посета по завршување на кризата со коронавирусот: „Бел рај“ Миравци