еМагазин
Image default
Македонија

Општата болница во Охрид со речиси исполнети капацитети за прием на пациенти заболени од коронавирусот

Расположивите капацитети на Општата болница во Охрид за сместување пациенти заболени од коронавирусот се речиси исполнети, така што повеќе нема да се примаат пациенти од струшкиот регион.

– Болницата е функционална, засега не е критична, но ситуацијата е непредвидлива. Моментално опслужуваме пациенти од охридскиот крај, а оттаму што немаме повеќе капацитет во иднина ќе мора и болницата во Струга да обезбеди капацитети за сместување евентуални случаи лица заболени со коронавирусот.

Соработка имаме со Министерството, со болницата во Битола, а обврска е на сите здравствени центри да обезбедат соби за изолација каде ќе сместуваат свои пациенти, изјави директорот на Општа болница Охрид, Горан Балевски.

Моментално на Инфективното одделение во болницата има 16 заболени од коронавирусот, во Одделот за геријатрија има шест пациенти позитивни на Ковид-19. На располагање се уште неколку легла на одделот за сомнителни случаи, што се чуваат за дијагностицирање и за прием на нови случаи.

Раководителот на Центарот за јавно здравје во Охрид, Сашо Точков рече дека моменталната ситуација во регионот е малку посложена од претходниот период поради зголемениот број лица позитивни на Ковид-19 и зголемиот број тестирања на терен.

– Сериозно е што после толку долг период минат во оваа новонастанатата состојба, одреден број луѓе се однесуват неодговорно, не ги почитуваат мерките, одат без маски, незаштитени, се групираат, прават најразлични собири што е недопустливо.

Она што е наш апел е во овој период да не се организираат какви било собири и веселби, бидејќи тоа не само што е забрането, туку е и контрапродуктивно на ситуацијата со која се соочуваме, рече Точков.

Според последните податоци, во Охрид има 72 лица позитивни на Ковид-19 и повеќе од 50 активни случаи лица на заболени од коронавирусот.

– Во исчекување сме на резултати од поголем број тестирани лица. Резултатите што очекуваме да ги добиеме ќе ја покажат сликата за состојбата од продолжениот викенд кога во Охрид дојдоа поголем број луѓе од градовите каде имаше целосна забрана за движење, рече Точков.

МИА/Фото: МЗ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Двајца здравствени работници од Инфективната клиника и 36 од ГОБ „8 Септември“ заразени со Ковид-19

Вкупно 201: Од корона вирусот починаа уште осум пациенти

Пет новозаболени од корона вирусот во кумановско, од кои двајца здравствени работници

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Оздравени 111 заболени од Ковид-19

Редакција

„Тревник“ одложен поради здравствени проблеми на Латас

Редакција

Сведок во „Таргет-Тврдина“: Пристап до прислушуваните броеви имаа Мијалков, Грујевски и Николиќ

Редакција