еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

За една недела 74 лица до 19 години во Македонија заразени со корона вирусот

Според податоците на Институтот за јавно здравје, за периодот од 21 до 28 јуни, најголем дел од новозаразените со корона вирусот се на возраст од 60 години, а за овој период со вирусот се заразени и 74 лица до 19 години.

“Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица над 60 години со 288 (26,0%) позитивни.

Поголем број на заболени се регистрира и кај лицата на возраст од 50-59 (n=219; 19,9%), 40-49 (n=205; 18,6%) и од 30-39 години (n=188; 17,0%).

Најмал број е регистран кај децата од 0-9 (n=40; 3,6%) и 10-19 години (n=34; 3,1%)“, стои во анализата на ИЈЗ, која еМагазин редовно ја пренесува.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

11 лица од новозаразените со корона вирусот неодамна патувале надвор од земјата

Втор медиумски работник: Камерман во МТВ почина од Ковид-19

Чаир стигна до 442 активни случаи на Ковид-19: Најнови податоци за општините во Скопје

Фото: Факултет за ветеринарна медицина

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Индискиот“ сој на Ковид-19 “пристигна“ во Македонија, детектиран кај лице кое се вратило од Ирак

Редакција

Од денеска до сабота Пиволенд во Скопје, еве кој ќе настапи

Редакција

НАТО по четврти пат му го продолжи мандатот на Столтенберг

Редакција