Според последните податоци на Министерството за здравство, Скопје како целина останува на врвот по бројот на активни случаи. Моментално тие изнесуваат 1.830, а вкупниот број на заразени со Ковид-19 изнесува 3.848.
Скопската општина Чаир има најмногу активни случаи, вкупно 300, но треба да се земе во предвид и податокот на Министерството дека 128 од активните случаи во скопските општини не се распределени, па можеби овој број е поголем.
Чаир со денови изминатиов период беше општина со најголем број на активни случаи не само во рамките на Скопје, туку и на национално ниво.
Гледано по општини, произлегува дека Тетово во моментов има најмногу активни случаи, 320. Освен градот Тетово, во оваа бројка влегуваат и случаевите од уште пет рурални општини околу градот.
Вкупниот број на заразени со Ковид-19 во Тетово до сега изнесува 868.
Следат Куманово со 186 активни случаи, Штип со 172, Струга со 161 и Гостивар со 143.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Девет скопски општини со над 100 активни случаи на Ковид-19, во Чаир 300
Имаа 24,25 и 27 години: Најмладите пациенти во Македонија кои починаа од Ковид-19
Фото: Општина Тетово