Податоците на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) за периодот од 3 до 9 август покажуваат дека меѓу новозаболените со Ковид-19 има 46 лица до 19 години.
“Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи.
Најзастапена е возрасната група на лица над 60 години со 211 (25,9%) позитивни.
Поголем број на заболени се регистрира и кај лицата на возраст од 30-39 (n=150; 18,4%), 40-49 (n=146; 17,9%) и 50-59 (n=140; 17,2%).
Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (n=13; 1,6%) и 10-19 години (n=33; 4,0%)“, стои во извештајот на ИЈЗ, кој еМагазин редовно го пренесува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Намалување од 10,5%: За една недела 816 нови случаи на Ковид-19 во Македонија
За една недела 25 смртни случаи од Ковид-19 во осум градови, 19 лица биле со претходни заболувања
8 лица од новозаразените со Ковид-19 неодамна патувале
Фото: МЗ