Изминаа 19 години од потпишувањето на Рамковниот договор којшто на денешен ден во Охрид го потпишаа лидерите на најголемите политички партии и претседателот Борис Трајковски.
Договорот беше донесен за да се запре вооружениот конфликт со тогашната ОНА.
Основни принципи на договорот се:
Целосно и безусловно се отфрла употребата на насилство за остварување политички цели. Само мирни политички решенија можат да ја загарантираат стабилната и демократска иднина на Македонија.
Суверенитетот и територијалниот интегритет на Македонија, и унитарниот карактер на државата се неповредливи и мора да се сочуваат. Не постојат територијални решенија за етничките прашања.
Мултиетничкиот карактер на македонското општество мора да се сочува и да најде свој одраз во јавниот живот.
Една современа демократска држава, во природниот тек на својот развој и созревање, мора постојано да обезбеди нејзиниот Устав целосно да ги исполнува потребите на сите нејзини граѓани во согласност со највисоките меѓународни стандарди, коишто и самите постојано се развиваат.
Развојот на локалната самоуправа е од суштествено значење за поттикнување на учеството на граѓаните во демократскиот живот, и за унапредување на почитувањето на идентитетот на заедниците.
Целиот договор ТУКА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Црвенковски и Георгиевски единствени живи потписници на Рамковниот договор