еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Гувернерката Ангеловска-Бежовска: Банкарскиот систем е и останува стабилен и сигурен, „Еуростандард банка“ е изолиран случај

Банкарскиот систем е и останува стабилен и сигурен, порачаа од Народна банка. Во изјава за МИА, гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, повторно ја истакнува оваа порака.

– Укинувањето на дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка“ АД Скопје е изолиран случај, којшто нема влијание врз другите банки во системот. Показателите за банкарскиот систем, со исклучување на оваа банка бележат подобрување, покажувајќи поголема отпорност на системот во целина, изјави Ангеловска-Бежоска.

Според неа, отпорноста на банкарскиот систем се потврдува, како што вели, и во овој период, во којшто економијата е под влијание на здравствената криза предизвикана од пандемијата на Ковид-19.

– Пресекот на состојбите кај банките со крајот на првото полугодие од оваа година покажува дека тие и покрај зголемената неизвесност во глобалната и домашната економија, остварија солидни резултати, нагласува гувернерката за МИА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Народна банка: Сопствениците на „Еуростандард банка“ не го обезбедија потребниот капитал за првата половина од оваа година

Фондот за осигурување на депозити ќе ги обесштети депозитите на депонентите на „Еуростандард банка“, најмногу до 30.000 евра по лице

На пензионерите и корисниците на парични права не им е потребна одјава од „Еуростандард банка“, за да отворат сметки во други банки

Костовски за пропаѓањето на „Еуростандард банка“: Правдата ќе ја барам во странство, ова е долго планиран атак

МИА/Фото: НБРМ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До четврток жолта (алертна) фаза, температури и до 40 степени

Редакција

(Аудио) Објавени две нови „бомби“: Како се извлекувале милиони од Македонија

Редакција

(Вознемирувачки видеа) Најмалку 40 загинати во терористички напад во Москва

Редакција