Не стивнуваат реакциите во македонската јавност по најновиот наплив на негирање на постоењето на македонски народ и македонски јазик од страна на одредени „интелектуалци“ во Бугарија, но и од дел од политичките елити.
Последна капка во чашата се чини беше излагањето на поранешниот амбасадор на Бугарија во Македонија, Александар Јорданов, кој јавно кажа дека Македонците се всушност Бугари и додека не ја научат таа вистина нема членство во Европската Унија.
Ваквите ставови во Бугарија само покажуваат зошто оваа земја била дел од фашистичката оска на Адолф Хитлер за време на Втората светска војна, историски факт на кој очигледно се обидуваат да подзаборават Бугарите.
Епа, браќа Бугари ние може да простиме ама никако нема да заборавиме каква била вашата улога за време на војните во Македонија.
Уште помалку ќе заборавиме дека во 21 век Вие се обидувате да го оспорите македонскиот јазик, кој е меѓународно признаен и кој го зборуваат неколку милиони лица во земјава и во светот.
Ако Гоце Делчев го чувствувате како свој, тоа не ни пречи, ама никој не може да ни забрани да ја славиме наговата величина. Ние пораснавме слушајќи ги песните и приказните за нашите македонските комити од нашите дедовци и баби и тоа никој не може да ни го одземе.
Затоа, наместо да се срамите пред светот со нови фашистички политики, подобро извинете се и заборавете на Сан стефанска Бугарија. за утре да можеме да кажеме дека што било поминало и дека е време за пријателски односи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија повторно на погрешната страна на историјата