еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Биониженерот Кунгуловски: Носењето маски на отворено кога нема висока агрегација на луѓе е небулозно и бескорисно

Горан Кунгуловски е прв човек на „Био Инженериг“ и на лабораторијата за генетика и персонализирана медицина во „Жан Митрев клиника“, а тој ги направи и првите генетски испитувања на новиот вирус Ковид-19 кај нас.

Тој на неговиот фејсбук-профил реагираше за донесените мерки за носење на маски и на отворено.

„Сите, ама баш сите знаат дека носењето на маски на отворено кога нема висока агрегација на луѓе (пр. кога шеташ сам) е НЕБУЛОЗНО и БЕСКОРИСНО и НЕПОДРЖАНО ОД НАУКА. Вистинскиот пристап според мене би бил:

1. Задолжително и правилно носење на маски во затворени простории. Неправилно носење под нос и под уста и под брада, да се казнува, редовно и без исклучок.

2. Задолжително и правилно носење на маски на отворен простор кога има висока агрегација на луѓе (пр. три индивидуи на 2 м2). Чопоративно собирање и неправилно носење на маска под нос и под уста и под брада, да се казнува, редовно и без исклучок.

3. Незадолжително носење на маски на отворен простор кога нема висока агрегација на луѓе (пр. шеташ сам). Може преку позитивна психологија да се охрабрува носењето на маска, ама да не биде задолжително.

4. Незадолжително носење на маски кога на отворен и затворен простор кога сите инволвирани личности имаат PCR негативни тестови не постари од 48 часа,“ пишува тој на својот фејсбук-профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Пановски го „запали“ Фејсбук за одлуките на Владата каде треба да се носат маски: „Кој не полуди, тој не е нормален“

Од денеска ќе носиме маски и на отворено, дома ќе можеме да примаме повеќе од 4 гости

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Влеговме во НАТО, сега уште во 21 век да влеземе и ок сме„: Твитер се „загреа“

Редакција

Анѓушев: Да се набави мазут за ТЕЦ „Неготино“ и да се овозможи ТЕ-ТО да работи во текот на зимата за спас од високите цени на струјата

Редакција

Починаа 25 лица од Ковид-19, најмладиот на 36-годишна возраст

Редакција