еМагазин
Македонија

Почина 26-годишен кавадарчанец на Клиниката за инфективни болести

Почина дваесет и шестгодишен кавадарчанец на Клиниката за инфективни болести.

„Пациентот од Кавадарци бил хоспитализиран на Клиниката на инфективни болести и фебрилни состојби од 25 октомври. Тој имал апластична анемија и бил со тешка клиничка слика на неинвазивна вентилација со прогресивно влошување на здравствената состојба“, стои во писмениот одговор од Одделението за односи со јавноста при Министерство за здравство.

Според неофицијални извори блиски до момчето, дознаваме дека тој бил позитивен на коронавирусот.

Од нив исто така дознавме дека на клиниката се лекувал и неговиот брат. Таткото на двајцата браќа се лекувал во домашни услови.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хан: Ни треба државништво, а не партиски игри

Редакција

Град Скопје ќе испрати термален дрон за помош при пребарувањето на преживеани под рушевините во Драч

Редакција

Сите сме донори на органи доколку не се изјасниме спротивно на нотар, но семејството го има последниот збор

Редакција