Во интервју за телевизијата Сител, градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој доаѓа од владејачката СДСМ, повтори дека бугарските барања во однос на преговорите на Македонија со ЕУ се неприфатливи и како што рече за него нема простор за преговори за идентитетот и за Гоце Делчев.
Димитриевски во интервјуто посочи дека изборот на Владо Бучковски за специјален претставник на Македонија во Бугарија е лапсус.
„Мислам дека Бучковски нема да даде соодветен придонесе во равојот и разрешување на овие наметнати проблеми од една страна, бидејќи овие проблеми не ги отвори македонската страна.
Ние се обидуваме да го задржиме тоа што е наше и отсекогаш било наше“, рече Димитриевски, кој смета дека повикот на поранешниот претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски е разбирлив и дека неговите пораки се добронамерни.
„СДСМ е демократска пратија која гради ставови и видувања по одредени прашања, но ова се суштински прашања, каде што на тематски состаноци треба да изградиме јасен, прецизен и дециден став по однос на сите отворени прашања.
Едноставно никој не треба да преземе одговорноста да одлучува поединечно во името на сите… На соседите треба да им е јасно дека од Македонец Бугарин не бива, не бива ниту Србин, а уште помалку Грк“, рече Димитриевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Градоначалникот Димитриевски се огради од Бучковски: Неговите тези се чин на велепредавство
Бранко Црвенковски го замрзна членството во СДСМ: Бара партијата да се дистанцира од Заев
Фото: Фејсбук/Димитриевски