Сашко Николов е новиот градоначалник на Штип.
еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Државната комисија за спречување корупција, кога на последните парламентарни избори стана пратеник.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Со Алија Јаоски за градоначалник продолжува семејната династија во Општина Пласница
Каков имот пријавил
На свое име пријавил два стана, едниот во Штип од 60 метри квадратни, проценет на 2 милиони денари и стан во Скопје исто од 60 метри квадратни, проценет на 4,3 милиони денари, стекнат од наследство.
Вози Мерцедес Е-класа, а неговата сопруга БМВ.
На име на неговата сопруга пријавил куќа за одмор во Берово од 200 метри квадратни, проценета на 10 милиони денари.
Има и кредит од 430 илјади денари кој треба да го врати во 2022 година.
Целиот негов анкетен лист ОВДЕ.
Фото: Фејсбук/Николов