еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Беќаровски: Прележаните од Ковид-19 може да го пренесуваат вирусот, затоа треба маска и дистанца

Професорот и доктор на Клиниката за токсикологија, Нико Беќаровски на неговиот Фејсбук-профил одгоовори на прашањето дали може по контакт со заболен, прележаните од Ковид-19 со формиран имунитет, да го пренесуваат вирусот.

„Почитувани мои, создадениот имунитет Ве заштитува Вас при нов контакт со Sars-Cov-2 вирусите Вашиот организам да се избори со вирусот, ама не претставува влезна рампа на Вашиот нос.

Со други зборови, ако влезете во соба преполна со вируси и престојувате таму подолго време, Вие со дишењето ќе внесете голема количина од вирусот во Вашиот нос и ако потоа веднаш излезете и се дружите со некој кој не прележал ќе може да го заразите.

Токму затоа и по прележувањето можете да бидете трансмитер, иако Вие нема да заболите. Затоа, со цел да ја заштите Вашата околина се препорачува придржување кон мерките за физичка дистанца и по прележувањето на болеста,“ вели тој на неговиот Фејсбук-профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Беќаровски за причестувањето: Отворете ги кафеаните, таму барем даваат едно лажиче за еден гостин

Фото: Фејсбук/Беќаровски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Растот на случаи со Ковид-19 се должи на малиот процент на вакцинирани, но и на опаѓање на имунитетот, вели Стефамовиќ

Редакција

УХМР: Можно слевање вода во градските средини и локално излевање на помалите реки

Редакција

Времето денеска сончево и релативно топло со слаб ветер

Редакција