еМагазин
Image default
Македонија

Телма објави што барала Бугарија во ноември, а Македонија одбила

Телевизијата Телма објави еден од документите разменети меѓу Бугарија и Македонија за време на преговорите за одобрување на преговарачката рамка и симнување на бугарското вето.

Во дел од текстот, кој бил понуден до германското претседателство се потврдуваат бугарските инсистирања дека Македонија е творба на Тито, дека македонскиот јазик е дел од бугарскиот…

Во дел од текстот, одбиен од македонска страна, поради што Софија и не го тргна ветото, меѓу другото се вели:

За потеклото на мaкeдонскиот народ:

…Борбата за национална независност од Османлиската империја на населението во географската област на Македонија произлегува и е тесно поврзана со бугарската историја.

Непријатните промени на историската судбина на ова население, кое останаа надвор од надлежноста на бугарската држава, го означи почетокот на постепениот процес на политичка диференцијација на еден дел од ова население.

Во рамките на овој процес, во делот на географскиот регион на Македонија, пошироко познат како Вардарска Македонија, создаде околности кои подоцна доведоа до формирање на ДФ Македонија, НР Македонија и СР Македонија како федерална единица во поранешна федерална Југославија и Република Македонија како независна држава од 1991 година и денешната Република Северна Македонија…

Повеќе детали на Телма, ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од грчките медиуми го дознавме новото име на државата, што ќе дознаеме од бугарските?

Османи го демантира Каракачанов: Не постои никаков Анекс со 12 точки

(Видео) Каракачанов: Северна Македонија треба да потпише анекс од 12 точки, ако сака да добие датум за преговори

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Докторка од Кавадарци позитивна на Ковид-19, работела во друг град

Редакција

Два позитивни случаи на Ковид-19 во Крива Паланка изминатите два дена

Редакција

Може да бидат готови и за пократко од 15 дена: Заев најави дека уставните амандмани ќе се прават со опозицијата

Редакција